март 1, 2024

Охрид, 1. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Додека во текот на минатиот месец беше на кота околу просекот, деновиве нивото на водата во Охридското Езеро е значително пониско од просечното за март.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водостојот е на кота од 693,39 м.н.в што е за 10 сантиметри пониско од просекот за март (693,49 м.н.в) и за 29 сантиметри над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в). Температурата на водата е 9 степени што е за 1,4 степени повисока од вообичаената за овој период од годината.


Во Охрид денес претежно облачно време со локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до 10. степени.

– За време на викендот времето ќе биде претежно стабилно и со постепен пораст на дневната температура, Во сабота ќе има услови за слаб локален дожд, а во недела ќе биде сончево и релативно топло. Нови врнежи се очекуваат во почетокот на следната седмица, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука