Живот Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ ТОП ВЕСТИ

Живот: Да се ​​има или да се биде?

„Да се ​​има или да се биде“, меѓу најпрепознатливите дела на еден од најголемите умови на минатиот век – Ерих Фром.

Според Фром, целта на човекот е да биде многу, а не да има многу. Спотивно на тоа, општеството го тера од самото раѓање кон свеста за сопственоста и го отуѓува од природното во него – самото негово битие.

„Да се ​​има или да се биде“ е ништо помалку од манифест за новата социјална и психолошка револуција за спас на нашата загрозена планета, и е резиме на продорната мисла на Фром. Неговата теза е дека два модела на постоење се борат за човечкиот дух. Првиот е модел заснован на сопственоста, фокусиран на материјалното, моќта и агресијата, како основата за универзалните зла – алчност, завист и насилство. Од друга страна е моделот на битисување, заснован на љубов, задоволство од споделување и на продуктивната активност.

Поседувањето и сопственоста доминантно го моделира животот, процес кој води до патолошка потрошувачка и ги претвора луѓето во потрошувачки зомби. Целта на системот е да ја претвори патолошката во нормална состојба. Кога сите ќе го прифатат тоа, тогаш луѓето веруваат дека патологијата станала нормална.

Културните процеси на учење ја условуваат човековата перцепција, а перцепцијата на современиот човек е површна затоа што има партнер, болест, среќа, љубов… На крајот на краиштата, тој не го живее животот, тој има живот. Темелот на денешната економија се заснова на немилосрдна потрошувачка и на постојаното убедување на човекот дека треба и мора да купува и троши, односно дека мора да се има.

Фром укажува на јазичните грешки кога глаголот to have е прикачен на именките или процесите и активностите. На пример, не можеме да имаме и да поседуваме личност, можеме да бидеме со нив. Сепак, често така се изразуваме. Некои од најчестите примери се: „Имаш ли момче/девојка?“, „Дали имаш деца?“, „Мојот доктор“, „Мојот стоматолог“…

Можеме да кажеме дека имаме предмет (куќа, маса), но не и личност, искуство, чувство… Овој начин на изразување укажува на свеста дека човекот другите луѓе и појави (на пр. болеста) ги смета за свој имот и дел од сопствениот идентитет (его).

Често користиме изрази како: „Имам проблем“ наместо „во проблем сум“, имам рак наместо „болен сум, дијагнозата е рак“. Искуствата ги трансформираме во поседувања, што значи ја губиме свесноста за субјективното искуство, односно според Фром, се претвораме во проблем. Со таква свесност, човекот се поистоветува со проблемот, што доведува до психоза, болест, но и отуѓување од искуството и решенијата, бидејќи личноста станува роб, а не свесен доживувач, што е можно само во состојба на битие.

Фром во книгата се занимава со централната тема, а тоа е отуѓеноста на човекот од себе, а со тоа и од животот. Човекот стана битие управувано од економскиот систем чија водечка нишка е потрошувачката. Во овој процес на поробување на човечката свест, човекот станува зомби, жив мртовец чија единствена цел на постоење е одржување на системот на потрошувачка и патолошка потрошувачка.

ЖивоТ на OhridPress со најубавите и најинспиративните животни приказни и мудрости.

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука