Избор Локална самоуправа

Музички рецитал и изложба по повод 8-ми март

Охрид, 4. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – По повод 8-ми март, Меѓународниот ден на жената, Општина Охрид во четврток, на 7-ми март 2024 година, во концертната сала на Општинското основно музичко училиште „Методи Патчев“, со почеток во 19:00 часот, организира музички рецитал на Билјана Буџакоска во пијано придружба на Ивона Базглаоска.

Пред рециталот ќе биде отворена изложбата „Жени во фокусот“, во чии рамки ќе бидат изложени 12 фотографи сликани од објективот на Нина Ангелоска. Фотографиите се всушност 12 приказни на жени охриѓанки кои со својата работа се синоним за се она што значи жена. Секоја, посебна, инспиративна и секоја на свој начин преставува пример дека постои само сакам и не сакам, а нема не можам.

„Најчестиот начин на кој луѓето се откажуваат од својата моќ е со размислување дека не можат“ – Алис Вокер.

Реализацијата на овие два настани е во соработка со Комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука