Вевчани, 4. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Единствениот кандидат за претседател на Република Македонија од регионов, вевчанецот Господин Попоски во краткото интервју за Супер радио и OhridPress вели дека ако влезе во изборната трка ќе се залага за враќање на името на Република Македонија и за раскинување на Охридскиот рамковен и договорот со Бугарија.
Истакна дека ќе се залага за сите граѓани без разлика на припадност, но и за намалување на бројот на министерствата, младите да останат и да работат тука, да не заминуваат во странство.
Додаде дека ако влезе во трката за претседател на државата ќе бара уште на првиот ден од кампањата со останатите кандидати да излезат на телевизиски дуел и да презентираат што им ветуваат на граѓаните.
Со оглед на тоа што сѐ уште не го има собрано потребниот број потписи, тој ги повика сите граѓани масовно да излезат и да го поддржат. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес