Скопје/Охрид, 5. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно, по влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија.
Врнежи од снег има на Буково, Ѓавато, Пресека и Крушево, а со послаб интензитет снег паѓа на Попова Шапка, Дебар и Плетвар.
Од АМСМ потсетуваат на обврската за носење зимска опрема која е на сила од 15-ти ноември 2023 година. Истата предвидува задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15-ти март 2024 година. (Крај)
извор: АМСМ фото: архива
Прочитано: 15