News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
март 5, 2024

Охрид, 5. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид го усвои Локалниот акциски план за управување со отпад. Охридскиот регион располага со непроценливи природни богатства, а одговорноста и обврската на локалната самоуправа е да ги сочува за идните генерации.

Во оваа насока, од исклучителна важност е одржливото управување со отпадот. Тоа значи адекватно управување со предизвиците кои ги носи зголемениот економски развој и потрошувачка. Системскиот и интегриран пристап за управување со отпад гради капацитети за негово вклучување во циркуларната економија, преку намалување на количините на создаден отпад на начин кој ќе помогне да се постигнат целите на одржливиот развој.

Локалниот акциски план ќе помогне во реализација на Регионалните планови за отпад, со развивање на универзалност на услугите преку недискриминација, одржливост на услугата, квалитет и ефикасност, транспарентност, економски прифатлива цена и целосно покривање на територијата на општината со услугата. Неговата реализација ќе придонесе за подобрување и заштита на природните ресурси и квалитетот на живеење во општината, како заштитено природно и културно наследство што го прави Охрид посакувана туристичка дестинација.

Овој акциски план ќе резултира со јасни активности, кои ќе дадат добри резултати за заштита на животната средина и подобрување на еколошката средина за граѓаните. Насоките во планот за намалување на создадениот отпад и подобрување на локалните пракси за селекција, собирање и депонирање на отпадот се во согласност со меѓународните стандарди и пракси за цврст отпад и директно водат кон намалување на штетното влијание врз животната средина.

Локалниот акциски план го подготви работна група составена од членови на општинската администрација и јавното комунално претпријатие, со поддршка од SALAR International и Шведската агенција за меѓународен развој.

Повеќе ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука