Охрид, 6. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков денеска оствари работна средба со Амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија, Дејвид Гир.
– На средбата разговаравме за напредокот на општината, како и за финансиските раздолжувања на Локалната самоуправа и јавните претпријатија. Амбасадорот ги поздрави заложбите и успешното менаџирање на Општината. Разговаравме и за напредокот во спроведувањето на препораките од УНЕСКО како и за соработката со владините институции. Амбасадорот ја поздрави и реализацијата на проектите кои што се финансирани од Европската унија, особено оние кои се однесуваат за поранешниот простор од Касарната, информира Пецаков за средбата.
Додава дека го запознал Амбасадорот и за понатамошниот развој на оваа локација и со идните проекти кои ќе се реализриаат таму, а тоа е префрлањето на ОУ „Кочо Рацин“, изградбата на адреналински парк како и дополнување на пам уп траката за што Амбасадорот изрази силна поддршка за нивна реализација. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива