Избор Избори 2024 Општина Вевчани ТОП ВЕСТИ

Попоски: Честит празник на сите дами, се надевам на поддршка за собирање на потребните потписи

Вевчани, 8. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Независниот кандидат за претседател на Република Македонија вевчанецот Господин Попоски упати честитка до сите дами по повод празникот 8 Март.

Во кратка изјава за Супер радио и OhridPress се заблагодари за досегашната поддршка и се надева дека до полноќ, до кога истекува законскиот рок за собирање на 10.000 потписи, ќе успее да ги собере и да обезбеди претседателска кандидатура.

Честитајќи го празникот, тој ги повика сите дами од сите градови низ Република Македонија масовно да излезат и да му ја дадат потребната поддршка. Вели дека поддршка очекува и од студентите.

Доколку сепак не успее да обезбеди место во трката за претседател, апелира до идниот претседател и Собранието, 8-ми Март да биде неработен ден за припадничките на понежниот пол. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука