Струга, 8. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 33-годишно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување кривично дело“.
– Тој, на 20-ти декември 2023 година, во ОВР Струга пријавил дека од неговиот дом биле одземени пари, злато и други вредни предмети, а по преземени мерки било констатирано дека лажно го пријавил делото, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 47