Охрид, 8. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Иако е работен ден, Охрид денеска како да беше пред неофицијален продолжен викенд, откако празникот на дамите солидно го исполни градот со гости.
На тоа придонесе и убавото време, кое ги измами гостите и охриѓани на прошетка по Градскиот кеј, но и по угостителските објекти, кои бележат солидна исполнетост, дел поради празникот, но и поради бројните гости од многу земји кои уживаат во градот под Самуиловата тврдина.
Најчести се гостите од Балканот, пред се’ Србија, Црна Гора, Албанија, Грција и Косово, но можат да се сретнат и бројни гости од подалечни земји.
Погледнете дел од атмосферата попладнево во центарот на градот.
извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес
Прочитано: 32