ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Останува проблемот со кучињата скитници во Охрид (Фото)

Охрид, 10. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Кучињата скитници деновиве повторно се „декор“ по охридските улици.

Се појавуваат периодично, а забележливо е нивното присуство последните недели, особено во центарот на градот. Во битката за храна, изгладнетите бездомни животни се движат во група.

Најчесто се во поширокиот регион на Градскиот плоштад, низ охридската чаршија, а особено по кејот, каде бројни граѓани шетаат со домашните миленичиња, што понекогаш го буди ривалството во животните и често сме сведоци на нивни обиди за пресметка.

Охриѓани сосема оправдано се загрижени за својата, а особено за безбедноста на своите деца. Оваа ситуација не е од вчера и се провлекува години наназад. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука