Охрид, 13. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Со донација на „Халк банка“, Општина Охрид го опреми новото детско игралиште во дворот на ООУ „Братство Единство“, и истото се очекува да придонесе за подобри услови за забава за најмладите ученици.
– Овој проект треба да биде поттик и пример за останатите општествено одговорни компании, да се вклучат и да дадат придонес во активности кои се од големо значење за заедницата, порача градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков, кој упати благодарност до генералниот извршен директор на „Халк банка“ АД Скопје, Билал Суџубаши со надеж за идна заедничка соработка.
Претходно со поддршка на „Халк банка“, во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, беше опремена сензорна градина во ООУ „Григор Прличев“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива