Избор Струга ТОП ВЕСТИ

Глоба за струшкиот градоначалник Мерко за поставената спомен-плоча со која се слави фашистичката окупација

Струга, 14. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Извршен е инспекциски надзор во Општина Струга за поставувањето на спомен-плоча за основно училиште „Битолски конгрес“ во 1941 година и за градоначалникот, кој е надлежен за истата била изречена законски утврдена глоба, објави министерката за култура во Владата на Република Македонија Бисера Костадиновска Стојчевска.

– Заштитата на културното наследство мора да е приоритет на сите и грижата да биде заедничка, и на централно и на локално ниво. Апелирам на поголема совесност од секој поединец кон културните и историски споменици, во спротивно негрижата и дејствијата во насока на нивно уништување ќе бидат соодветно казнети, потенцирира Костадиновска Стојчевска.

Пред општина Струга поставена спомен плоча на албански со која се велича фашистичка окупација

На општинската зграда во Струга неодамна беше поставена еднојазична табла на албански јазик. Советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ реагираа бидејќи на скандалозната плоча се слави фашистичката окупација и најавија дека ќе ги превземат сите правни механизми за да се сопре ширењето на фашизмот од страна на градоначалникот Мерко, идентично како и изградбата на споменикот од Косово. Таблата го прекршува законот  за јазикот, а изиграни се и процедурите за нејзино постапување – не е гласано по Бадентер во Советот на општина Струга.

– Не смее да му се дозволи да ширии меѓуетничка тензија и да разгорува национална омраза, со поставувањето на плоча со која се слави настан кога окупаторските власти на фашистичка Италија и Кралството Албанија во 1941 година отворале окупаторски училишта со цел да денационализираат и асимилираат, порача на прес конференција Никола Кукунеш, член на Советот во Општина Струга од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука