Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Внимателно доколку одите со возило во Пожарна и Полиција, се урива зградата до „City Hostel“ (Фото/Видео)

Охрид, 15. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денеска започна да се урива зградата наспроти охридската противпожарна станица, веднаш до „City Hostel“.

Поради малиот простор и ограничениот број паркинг места, бидете внимателни доколку одите со возило во Пожарна и Полиција во текот на денешниот ден.

Станува збор за постара зграда, на чие место треба да никне поголем објект, кој ќе го измени и движењето за станарите во овој дел на градот. Имено, повеќе нема да постои малиот дијагонален пат по кој станарите на околните згради се движеа кон домовите, туку ќе биде направен нов, кој оди паралелно со зградата наспроти и ќе поминува кај поранешното мало игралиште.

За сите кои живеат и пораснаа на овој дел од градот, екипата на Супер радио и OhridPress, чие студио се наоѓа токму во овој реон, направивме неколку фотографии и кратко видео.

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука