Избор Избори 2024 Охрид Партии ТОП ВЕСТИ

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски ќе присуствува на отворањето на централниот промотивен штаб во Охрид

Охрид, 15. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во пресрет на двојните избори, претседателските и парламентарните, партијата СДСМ денеска ќе го отвори централниот промотивен штаб во центарот на Охрид.

Под слоганот „Нема откажување од иднината“, новиот штаб ќе биде отворен на приземјето на ТЦ „Амам“, од страната на булевар „Македонски просветители“, со почеток во 19:00 часот.

Од партијата најавуваат дека на отворањето ќе присуствува и претседателот на партијата Димитар Ковачевски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука