Избор Локална самоуправа

Јавна презентација и јавна расправа за Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух за Општина Охрид (2023-2027)

Охрид, 15. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Врз основа на чл.69 од Законот за животна средина (Службен весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 51/11, 123/12 и 93/13, 42/14, 44/15, 129/15 , 39/16, 99/18, 89/22 и 171/22) и Измените и дополнувањата на Законот за квалитет на амбиентен воздух (Сл. Весник на РМ бр.151/21), Градоначалникот на Општина Охрид организира Јавна презентација и јавна расправа за Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух за Општина Охрид (2023-2027).

Се информира јавноста дека ставен е на увид и јавна расправа Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух  за  Општина Охрид (2023-2027). Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух за Општина Охрид (2023-2027) е објавен на веб страната на Општина Охрид www.ohrid.gov.mk, почнувајќи од 15-ти март 2024 до 14-ти април 2024 година. Јавната презентација и јавната расправа ќе се одржи на 5-ти април 2024 година, во големата сала на Општина Охрид, со почеток во 11:00 часот. Правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух за  Општина Охрид (2023-2027) до Општина Охрид во рок од 30 дена од денот на објавување на оваа информација. Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на јавната расправа и да го дадат своето мислење,забелешки и предлози  по Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина и истите можете да ги испраќате на е-маил: zivotnasredina@ohrid.gov.mk, или по пошта на следната адреса: Општина Охрид, ул. „Димитар Влахов“ бр. 57 Охрид, информираат од Општина Охрид.

Повеќе ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука