Избор Избори 2024 Охрид Партии ТОП ВЕСТИ

Ковачевски: Во победничка атмосфера од победнички Охрид

Охрид, 15. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во победничка атмосфера од победнички Охрид. Охриѓани вечерва испратија силна порака, напредокот мора да продолжи, порача вечерва од Охрид поранешниот премиер и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски на отворањето на централниот промотивен штаб во центарот на Охрид.

– Граѓаните добро знаат дека со СДСМ нема откажување, нема враќање назад. СДСМ е најдобрата опција за иднината на државата, опција која носи надеж, опција која обезбедува поголеми плати и пензии, подобар и подостоинствен живот за сите. Направивме многу, но знаеме дека тоа не е доволно, дека може и подобро. Со новата програма во новиот мандат, ќе обезбедиме уште поголеми плати и пензии, повеќе инвестиции, повеќе и подобри работни места, развиена економија по европски стандарди, порача Ковачевски.

Тој додаде дека затоа, со глас за СДСМ и за Стево Пендаровски има сигурна, подобра, европска иднина, за сите.

– Граѓаните заслужуваат европски животен стандард, просперитетна и развиена држава, во која функционира демократијата, владеењето на право, социјалната правда. Ние во СДСМ никогаш нема да се откажеме од европскиот пат. Нема да се откажеме од иднината. По 8-ми мај ќе ја формираме новата Влада и ќе продолжиме со нова енергија да работиме за европска Македонија, порача Ковачевски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука