март 16, 2024

Охрид, 16. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – Авторите Гоце Дојчиноски и Валентин Цветановски од Skyscapes Production, до редакцијата на OhridPress го доставија нивното видео во кое го претставија Охрид од воздух, од каде се гледа неговата убавина од еден посебен и несекојдневен агол.

Стариот дел на градот, но и централното градско подрачје, кејот, тврдината… Сетоа тоа снимено од воздух и измонтирано со многу љубов и умешност.

– Снимено од мајестетската Самуилова тврдина, нашето најново видео прикажува впечатливи погледи на Охридското Езеро, иконичната црква Св. Јован Канео и убавините на градот. Оваа продукција е дел од нашата постојана серија, посветена на снимање на есенцијата на живописните пејзажи. Охрид е особено место во нашите срца, и сме воодушевени да ја откриеме неговата убавина со светот, познат како омилена духовна, културна и туристичка дестинација во Македонија. Охрид е посебен бисер за нас, вели Гоце Дојчиноски за Супер радио и OhridPress.

Тој, заедно Валентин Цветаноски се комплетни автори и се погрижија за снимањето и монтажата на видеото.

Погледнете.

извор: ОхридПрес фото/видео: Гоце Дојчиноски и Валентин Цветановски

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука