Охрид, 17. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 16-ти и 17-ти март 2024 година, во периодот од 23:00 до 05:00 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли.
– Притоа, полициските службеници затекнале 10 возачи кои, управувале моторни возила под дејство на алкохол од кои 3 во Охрид, 4 во Струга и 3 во Кичево. Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 35