Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Велгошти се одржа традиционалниот маскенбал „Емшири 2024“ (Фото)

Охрид, 17. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денеска, на големиот празник Велики Поклади – Прочка, во охридското село Велгошти се одржа традиционалниот маскенбал „Емшири 2024“.

Маскенбалот се одржа на спортското игралиште во селото, а за дечињата под маски, наречени емширчиња, беа обезбедени пакетчиња.

– На најмалите кои ги покажаа своите кореографии и преку нив повикаа на љубов и срќено детство им доделивме симболични пакетчиња обезбедени од Месната заедница со поддршка од Општина Охрид, порача градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука