Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Комедијата „Несфатената цивилизација“ на 27-ми март повторно пред охриѓани

Охрид, 19. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот Народен театар во среда, на 27-ми март 2024 година ќе ја одигра комедијата „Несфатената цивилизација“, во режија на Софија Ристевска Петрушева.

– Станува збор за претстава за припадноста, честа, етиката и моралот. Претстава за културолошкиот и социолошки идентитет на човекот. Претстава за глобализацијата и традицијата, како и за ефектите од нив врз целокупното општествено живеење. Комедија, што преминува во гротеска и иронија, која прави детална и болна дисекција на нашата целокупна колективна свест, информираат од Народен Театар Охрид.

Играат актерите: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Павел Маслов, Стрезо Стаматовски, Ивица Цонев и Филип Кипровски.

Претставата ќе се игра во НУЦК „Григор Прличев“ во Охрид со почеток во 20:00 часот. Билетите се продаваат по цена од 200 денари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука