Струга, 19. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Пуштена е во употреба апликацијата Пријави24, преку која граѓаните на Струга ќе може да пријавуваат проблеми поврзани со градот и околните населени места.
– Преку апликацијата, може да пријавите проблеми поврзани со градот и околните населени места од сите категории, како што се улично осветлување, дупки на патот, објекти склони на рушење, проблеми од областа на животната средина, уништена урбана опрема, отпад и диви депонии, градби и дивоградби, информираат од Општина Струга.
Во склоп на пријавата, апликацијата има опција за прикачување на слики од истиот. Пријавувањето може да биде анонимно или јавно. Апликацијата може да се преземе бесплатно од GooglePlayStore и AppStore.
Од струшката локална самоуправа посочуваат дека преку апликацијата може да се даваат и предлози во насока на
подобрување на целокупниот начин на живеење во општината. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива