Охрид, 20. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Единствено што знае СДС е за непотизам, партизација, кронизам, а Охрид е типичен пример за тоа. Наместо борба со корупцијата со СДС имаме протекционизам и клиентелизам, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ.
– Проектот мрежа за партизација и кронизам се докажува во Охрид каде што главен вработувач е Миле Зечевиќ, генерален секретар на СДС, а главна на охридската филијала на СДС е неговата роднина, Кристина Крлеска-Деспотоска. Нека се одважат од СДС Охрид и да се појави во јавност Крлеска за оваа афера, а на да молчи и се крие од охриѓани кои чекаат одговор. Никогаш не било полошо, време е да ги поразиме, време е наместо хаосот да завладее ред, стои во дописот до медиумите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 60