ЕКОЛОГИЈА Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Денеска се одбележува Светскиот ден на шумите

Охрид, 21. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денеска се одбележува Светскиот ден на шумите, во насока на подгнување на свеста на граѓаните за важноста на „белите дробови“ на Планетата Земја.

Идејата за одбележување на Светскиот ден на шумите е промовирана на 23-тата седница на Генералното собрание на Европската конференција за храна и земјоделство во 1971 година, па така 21-ви март се слави и одбележува како Светски ден на шумите.

Шумите покриваат 30% од површината на земјата и се витални живеалишта за милиони видови, тие се извори на чист воздух и вода и секако клучни за борбата против климатските промени.

Шумите во Националниот парк „Галичица“ имаат големо еколошко значење и вклучуваат повеќе типови живеалишта кои се сметаат за загрозени или ретки во Европа односно се значајни за зачувувањето на повеќе видови кои исто така се сметаат за клучни вредности.

Согласно EUNIS класификацијата на типови на живеалишта од 2017, во Паркот се среќаваат девет типови живеалишта (со вкупно 13 растителни заедници) кои се заштитени со Директивата за живеалишта. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука