Струга, 21. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 20-ти март 2024 година, во 16:40 часот, на улицата „Браќа Миладинови“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 49-годишно лице од струшко село затоа што претходно во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга.
– Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес
Прочитано: 40