Струга, 21. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 20-ти март 2024 година, во 11:15 часот во ОВР Струга е пријавено дека настанал пожар на површина со трска во државна сопственост покрај брегот на Охридското езеро на патот помеѓу Струга и струшкото село Калишта.
– Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга. По наредба на Јавен обвинител увид извршија полициски екипи, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес
Прочитано: 34