Струга, 21. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Започна кампањата за заловување и лекување на кучињата скитници на територијата на Општина Струга.
– Согласно тендерската постапка за јавна набавка, по потпишувањето на договорот со договорната компанија, денеска започна акција за заловување и хуман третман на кучињата скитници на територијата на Општина Струга, информираат од струшката локална самоуправа.
Додаваат дека акцијата ќе продолжи се’ до исцрпување на финансиските средства предвидени за оваа намена. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 41