ЕКОЛОГИЈА Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

„Вода за мир“: Забавно-едукативен настан за истакнување на вредноста на Охридското Езеро

Охрид, 22. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на одбележување на 22-ри март, Светскиот ден на вода, под мотото „Вода за мир“, Црвен крст Охрид и Центар за јавно здравје Охрид со поддршка на бројни еколошки и спортски здруженија и организации од Охрид и Албанија, утре, сабота, 23-ти март 2024 година, на Градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ во Охрид ќе организира забавно-едукативен настан.

Целта е да се истакне вредноста на Охридското Езеро како најголем природен базен на питка вода што во услови на зголеменото влијание на климатските промени, зголемувањето на населението, наметнува итна потреба, внатре и помеѓу двете земји Албанија и Република Македонија, обединување и сериозен пристап околу заштита и зачувување на нашиот најскапоцен ресурс, Охридското Езеро.

– Преку бројни едукативни материјали, презентации и забавни перформанси ќе се потенцира на опасноста за Охридското езеро и неговиот екосистем, од евентуалното одржување на настанот светско првенство во трка со чамци Формула 1, F1H2O чамци, најавено за јули 2024 година на Охридското Езеро во Поградец, Албанија. И од овој настан сите заедно да упатиме силна порака и апел до населението и надлежните во двете држави за избегнување и спречување на настани и активности на Охридското езеро и во блиската негова околина, кои се опасност за живиот свет и ја нарушуваат природната рамнотежа. Да се обединиме околу водата и ја користиме за мир, поставувајќи темели за стабилна и просперитетна иднина, информираат од Црвен крст Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука