Скопје/Охрид, 22. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанецот Јане Наумовски има креативно и несекојдневно хоби, изработува на мини фигури и диорами, кои пленат со неверојатна прецизност и убавина.
Со мини фигури тој ги оживува световите на Хари Потер, Гоку, Дедпул, Вулверин, Мандалориан и многу други. Познат е и по изработката на диорами, односное модели на некој реален призор или во сразмер намален предмет или локалитет. Најчесто, станува збор за тридимензионален приказ со светлосни ефекти или специјално осветлена макета.
– Кога ќе направам диорама, слободно можам да кажам дека е единствена во светов, вели Јане.
Тој денеска претстави дел од своите дела во склоп на утринската програма на Тв Телма.
Охриѓанецот Јане (Rogue Brush) вели дека отсекогаш имал страст за креативни активности, што го довело до неговата работа како водечки дизајнер на UX. Сепак, вели дека сакал да истражи поинаков вид на креативност, по што го открил минијатурното сликарство. (Крај)
извор: Тв Телма/ОхридПрес фото/видео: Тв Телма