Охрид, 23. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во ООМУ „Методи Патче“ во Охрид вчера се одржа кларинетска работилница со Наум Палоски, студент и стипендист на престижната Музичка Академија во Хановер – Hochschule für Musik, Theater und Medien Hannover ученик кај познатата кларинетиска Sharon Kam.
– Наум е долгогодишен ученик во нашето училиште кај професорот Петар Танески со кој продолжува да соработува и во иднина. Тој работеше со учениците од класата кларинет со кои го сподели своето искуство и им даде одличен пример на младите кларинетисти, информираат од ООМУ „Методи Патче“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 62