Охрид, 25. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – По повод Светскиот ден на театарот, оваа среда, 27-ми март актерите од охридскиот театар ќе ја изведат претставата „Несфатената цивилизација“ од Добри Војников, во режија на Софија Ристевска Петрушева.
Изведбата ќе биде бесплатна за публиката, а почетокот е во 20:00 часот. Ова е претстава за културолошкиот и социолошки идентитет на човекот, претстава за глобализацијата и традицијата, како и за ефектите од нив врз целокупното општествено живеење. Комедија, што преминува во гротеска и иронија и што прави детална и болна дисекција на нашата целокупна колективна свест.
Играат: Горан Стојаноски, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов, Филип Кипровски, Никола Тодороски и Ивица Цонев. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 24