Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Казни за 98 возачи на територијата на општина Струга

Струга, 25. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на вчерашниот ден, 24-ти март 2024 година, во периодот од 12:30 до 17:30 часот, Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на општина Струга, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

– При контролата санкционирани се 98 возачи, од кои 16 за возење без возачка дозвола, 10 санкции поради измината важност на сообраќајната дозвола, седум мерки за непрописно вградени фолии (затемнети стакла)… На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука