Скопје, 26. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Собранието на Република Македонија денеска треба да одржи продолженија на три пленарни седници – 131-ва, 138-ма и 145-та.
Во рамки на 145-та седница, пратениците ќе дискутираат по Предлог на законот за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење.
На оваа седница треба да се расправа и за Предлог на Национална развојна стратегија 2024-2044, како и за предлог законите за реализација на стратешките инвестициски проекти „Соларен парк Стипион“, AIM Green Tech, Митилинеос когенеративна постројка Скопје, сите по скратена постапка. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес