Охрид/Струга, 26. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 34-годишен стружанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“.
– На први март 2024 година, на улицата „Питу Гули“ во Охрид, полициски службеници го затекнале пријавениот како врши јавен превоз на патници, без да поседувал лиценца за вршење на јавен превоз, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 34