Охрид, 27. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во чест на Светскиот ден на театарот, актерите од охридскиот театар вечерва ќе ја изведат претставата „Несфатената цивилизација“ од Добри Војников, во режија на Софија Ристевска Петрушева.
Изведбата ќе биде бесплатна за публиката, а почетокот е во 20:00 часот. Ова е претстава за културолошкиот и социолошки идентитет на човекот, претстава за глобализацијата и традицијата, како и за ефектите од нив врз целокупното општествено живеење. Комедија, што преминува во гротеска и иронија и што прави детална и болна дисекција на нашата целокупна колективна свест.
Играат: Горан Стојаноски, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов, Филип Кипровски, Никола Тодороски и Ивица Цонев. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 50