Избор Охрид Партии ТОП ВЕСТИ

Крлеска Деспотоска: Ќе возвратам со кривична пријава за лажно пријавување

Охрид, 27. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Јавно ги демантирам изнесените лаги од страна на ОК ВМРО ДПМНЕ и Китески. Лесно е да застанеш пред Јавното обвинителство и да расфрлиш од ракав некакви си изреки, па да мислиш дека зад тебе имаш маса народ која ти верува, стои во реакцијата на изнесеното на денешната прес конференција на потпретседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, Александар Китески.

– Немаш маса народ Китески, туку ги имаш на тебе сличните кои се задоволни кога некоја личност директно се линчува, бидејќи тоа е карактерна особина на ДПМНЕ. Наместо да ги трошите парите на мене и на СДСМ, потрошете ги на народот кој чека нешто да направите откако сте дојдени на власт. Ви порачувам и ве замолувам со оваа постапка против мене да одите до крај. За на крај конечно да излезат на виделина вашите лаги и невистини. Во меѓувреме, ве известувам дека за вашата наводна кривична пријава, соодветно ќе возвратам со кривична пријава за лажно пријавување кон вас како подносители на пријавата. Народот мора и треба да ја знае вистината. Овој народ кого го манипулирате со вашите невкусни зборови не е заспан народ, Китески. Ајде соберете си ја вашата маса од неколкумина и засукајте ракави да му пружите нешто друго на народов, освен бајати лаги, стои во реакцијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука