Скопје/Охрид, 27. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Податоците од извршените континуирани мерења на квалитетот на амбиентниот воздух од Државниот Автоматски Мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух (ДАМСКАВ) кои пристигнуваат во Македонскиот информативен центар за животна средина при МЖСПП, покажуваат високо загадување на воздухот вечерва во Охрид.
Во 18:00 часот во Охрид се измерени PM10 182.771 mg/m3. Според надлежните, во случај на надминување на прагот на информирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри PM10, (2 последователни дена со среднодневни концентрации над 100 mg/m3), се применуваат посебни препораки.
Во текот на денешниот ден имавме забележителна голема количина на пустински песок од Сахара во поширокиот регион на Охрид. Количината во воздухот се движи во границите од 50 до 200 микрограми на метар кубен, што е доволно за да може и визуелно да се забележи.
Состојбата со квалитетот на воздухот според Државниот Автоматски Мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух може да се следи ОВДЕ.
Индекс за квалитет на воздух
Индексот за квалитет на воздух се користи за опис на квалитетот на воздухот на едноставен начин преку лесно разбирлива шема. Се заснова на средни часовни вредности на концентрациите на загадувачките супстанции, и дава карактеризација на квалитетот на воздухот.
Индексот ги зема во предвид концентрациите на сулфур диоксид (SO2), азот диоксид (NO2), суспендирани честички (PM10), фини честички (PM2,5), озон (O3) и јаглерод моноксид (CO). Измерените концентрации се споредуваат со постојните упатства за квалитет на воздухот.
Овој индекс за квалитет на воздух е развиен преку Заеднички информации за воздух во Европа (CITEAIR) (http://www.airqualitynow.eu/index.php)
Шемата соодветствува со нивоата на концентрација.
SO2 | NO2 | PM10 | PM2.5 | O3 | CO | |
Многу високо | 500- | 400- | 180- | 110- | 240- | 20- |
Високо | 350-500 | 200-400 | 90-180 | 55-110 | 180-240 | 10-20 |
Средно | 100-350 | 100-200 | 50-90 | 30-55 | 120-180 | 7.5-10 |
Ниско | 50-100 | 50-100 | 25-50 | 15-30 | 60-120 | 5-7.5 |
Многу ниско | 0-50 | 0-50 | 0-25 | 0-15 | 0-60 | 0-5 |
Концентрациите се во µg/m3 освен за CO каде што се во mg/m3
извор: ОхридПрес фото: архива