Избор Избори 2024 Македонија Охрид Партии Струга ТОП ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ ги објави листите за парламентарните избори, во петката од Охрид Донев, Петкоска и Бакраческа

Скопје/Охрид/Струга, 28. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сашо Донев, Лидија Петковска и Грација Бакраческа се пратениците од Охрид кои се на листата на ВМРО-ДПМНЕ од петтата Изборна единица.

На листата кандидати за пратеници во петката, на редно место број пет е и стружанецот Јован Јаулески.

Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека станува збор за победнички листи се надеваат на мнозинската поддршка од граѓаните на Република Македонија.

– Овие избори се всушност одлука за тоа каква Македонија сакаме. Нивната, таа на власта, затворена, омаловажена, криминализирана, или онаа Македонија каква народот ја сака, и за каква се бориме. Македонија со надеж, иднина и сигурност. Македонија која ќе биде повторно на народот, институциите ќе бидат функционални, системот ќе биде нормализиран. Народот бара и очекува одговорност, бара и очекува принципи и враќање на вредностите во политиката. Ова се победнички пратенички листи, а при нивното составување се водеше сметка за гласот на народот, нивните барања и потреби. Носителите на овие победнички листи се: Во првата изборна единица е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски каде очекуваме огромна поддршка и огромна победа. Втората изборна е мојот колега и пријател Владо Мисајловски. Третата изборна единица е Драган Ковачки. Четвртата изборна единица е потпретседателот Александар Николоски. Петата изборна единица генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски. И шестата изборна единица каде очекуваме исто така убедлива доминација во однос на СДС е Дафина Стојановска, напомена Муцунски.

Изборна единица 5:

1. Ѓорѓија Сајкоски
2. Олга Лозановска
3. Сашо Донев
4. Пеце Милевски
5. Јован Јаулески
6. Лидија Петковска
7. Мевмед Џафери
8.Кире Божиновски
9. Силвана Ангелевска
10. Грација Бакрачевска
11. Лазе Јакимовски
12. Ѓорѓи Влајкиновски
13. Благица Крстеска
14. Никола Дранговски
15. Леон Мерсовски
16. Менче Марковска Андреева
17. Билјана Стефановска
18. Жанета Петреска
19. Мартин Иваноски
20. Ѓорѓи Шопоски

избор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука