Избор Охрид Партии ТОП ВЕСТИ

СДСМ Охрид: Лице вработено во МВР и истакнат член на охридското ВМРО-ДПМНЕ, фатено со дрога на работно место

Охрид, 30. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓани повторно во шок. Само скандали го тресат ДПМНЕ, обвинија на денешната вонредна прес конференција на ОО на СДСМ од Охрид.

– Александар Маркоски, вработен во МВР и истакнат член на охридското ВМРО-ДПМНЕ, фатен со дрога на работно место! Полицаец фатен со дрога на работно место! Многу малку време помина откако охриѓани беа сведоци на професорот по музичко образование фатен како конзумира дрога. Секој даден глас за ДПМНЕ ќе биде глас за деструктивност, глас за анархија, глас за тотална несигурност и небезбедност во сопствената земја. ВМРО-ДПМНЕ е истата криминална партија од порано. Нема промена. Нема на вакви кадри да им ја довериме нашата безбедност и образованието на нашите деца, порачаа од партијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука