Избор Струга ТОП ВЕСТИ

Министерот Тошковски во посета на полициската станица Ќафасан: Слаба кадровска пополнетост од само 37%

Струга, 30. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Министерот за внатрешни работи во Владата на Република Македонија Панче Тошковски денеска беше во посета на четири полициски станици кои покриваат дел од граничните премини и граничниот надзор на западната граница, односно полициските станици Ќафасан, Франгово, Џепиште и Блато каде одржа работни состаноци со раководствата со цел непосредно да се запознае со нивната работа и проблемите со кои се соочуваат.

Полициската станица за гранични проверки „Ќафасан“, каде е имплементиран системот „one stop“ се соочува со слаба кадровска пополнетост од само 37% и не може да одговори на потребата од зголемување на бројот на активни ленти во една смена, нешто што е барање и од албанска страна.

– На овој граничен премин функционира и заеднички контакт центар со албанската полиција кој е имплементиран со финансиска поддршка на ЕУ и ОБСЕ, информираат од кабинетот на Тошковски.

Додаваат дека Полициската станица за граничен надзор Франгово исто така се соочува со сериозна кадровска пополнетост и граничната линија од 23 километри за која се надлежни, а ја покриваат со само 3 полициски службеници во една смена. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука