Охрид, 31. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Facebook групата KRST DZAMIJA – Nasata maala, објавена е прекрасна фотографија од Охрид, во делот кај Крст Џамија.
– Оваа слика највероватно е од 1900 година, бидејќи првата куќа е нашата, ама пред да се напрајт фурната. Фурната е правена во 1903 година од страна на мојот дедо Димко Шатран, прв рисјанин во турската мала и прва фурна во малата, напиша во објавата Благуна Шатранова, која ја сподели фотографијата со јавноста.
На фотографијата се гледаат прекрасни куќи со карактеристична архитектура за тоа време на денешната улица „7-ми Ноември“, но и многу зеленило. Уште во тоа време се дефинирани двата крака на улицата, кои постојат и денес, едниот кон излезот од Охрид во правец на Битола и вториот кон Влашка маала. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: FB KRST DZAMIJA – Nasata maala/Благуна Шатранова