Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајка на патот А2 кон „Ќафасан“, мотоцикл излета од патот, повреден 46-годишен стружанец

Струга, 31. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 30-ти март 2024 година, во 12:20 часот во ОВР Струга било пријавено дека на магистралниот пат А2 во правец на Граничниот премин „Ќафасан“, мотоцикл марка „БМВ“ со струшки регистарски ознаки, управуван од страна на 46-годишно лице од Струга излетал надвор од коловозот.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицинскиот центар во Струга. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Струга, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука