Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на СВР Охрид: Приведено лице од Велeшта поради агресивно однесување кон полициски службеници

Струга, 31. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 30-ти март 2024 година, во 11:40 часот, на кружната крстосница кај „Мороишки мост“, во близина на Струга, полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај, приведоа 34-годишно лице од струшкото село Велешта.

– Тој, претходно ги омаловажувал и бил агресивен кон полициските службеници, кои на тој патен потег, преземале службени дејствија. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука