април 1, 2024

Охрид, 1. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до 23. степени.

Веќе втор ден ова е најавата за временската прогноза на УХМР за регионот на Охрид. Сепак, она што може да се види на терен веќе втор ден во Охрид е сосема поинакво. Облакот од прашина и песок од Сахара останува над Балканскиот Полуостров, вклучувајќи ја и Република Македонија.

Само неколку дена по последниот ваков феномен, голема количина на пустински песок од Сахара вчера е регистрирана и во поширокиот регион на Охрид.

Количината во воздухот е доволна за да може и визуелно да се забележи. Овој феномен е се’ почест последните години, откако сахарска прашина доаѓа во регионот поради зголеменото опустинување во Сахара.

Екипата на OhridPress вчера регистрираше како изгледаше овој феномен во центарот на градот.

Погледнете.

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука