април 3, 2024

Охрид, 3. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Успешната поп уметница Em Beihold го претстави новиот сингл „Maybe Life Is Good“ во кој по тежок период се свртува кон позитивната страна на животот.

Песната е спој на електрична гитара и пијано и во полн сјај покажува дека Em е темелно ангажирана во продукцијата покрај пишувањето текстови.

– Минатата година беше лоша психички за мене и ми беше многу тешко да се поврзам со сопствените мисли и да смислам работи кои нормално би ме направиле среќна. Процесот на пишување на оваа песна беше како спасувачки појас што ме спречува да се удавам, изјави Em.

Em Beihold е 25-годишна музичарка од Лос Анџелес која се стекна со светска слава со хитот „Numb Little Bug“ од 2022 година.

Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука