Пред да замине во војна, кралот Ахмед ја заклучил својата сопруга, најубавата жена во кралството во посебна и безбедна соба, каде ги чувал највредните работи.
Го повикал својот најдобар пријател Муса и му го дал клучот со наредба:
– Ако не се вратам за четири дена, отвори ја собата и се’ што ќе најдеш внатре ќе биде твое…
Кралот се качил на коњот, ја повикал војската и заминал кон бојното поле.
Половина час подоцна, кралот забележал облак прашина зад себе. Застанал и го видел Муса, својот најдобар пријателот како со голема брзина галопира на коњот кон него.
– Што се случи? – прашал загрижено кралот Ахмед.
– Ваше височество, ми дадовте погрешен клуч, рекол без здив пријателот Муса.
Тој не чекал 4 дена, туку веднаш го пробал клучот.
Бидете внимателни со сите кои ги сметате за ваши „најдобри пријатели“, на кои мислите дека можете да им верувате и им го доверувате вашето најголемо богатство.
ЖивоТ на OhridPress со најубавите и најинспиративните животни приказни и мудрости.
извор: ОхридПрес фото: архива