Охрид, 3. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Традиционално, заеднички со народот од стариот Општински Комитет го означивме стартот на изборната кампања за претседателските и парламентарните избори, порачаа од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.
– Заедно со народот стануваме дел од важната промена за Македонија. Сплотени и обединети заедно со генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на пратеничката листа во петтата Изборната единица, Ѓорѓија Сајкоски, претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид и кандидат за пратеник, Сашо Донев, градоначалникот на Општина Охрид, д-р Кирил Пецаков и кандидатките за пратеници Лидија Петкоска и д-р Грација Бакраческа, порачаа од партијата.
Сајкоски од Охрид порача дека учеството во изборите е начин граѓаните да покажат одговорност кон државата и да се вклучат во демократскиот процес.
– Бидејќи го сакате вашиот град, вашиот дом, вашите семејства, изборите не се само за нас, тие се и за нашето наследство, за нашите најмлади генерации. Станете дел од оваа важна промена, станете дел од историјата, истакна Сајкоски. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива