Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Кај Струга приведен штипјанец баран за издржување казна затвор

Струга, 5. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 4-ти април 2024 година, во 09:50 часот во близина на индустриска зона во Струга, полициски службеници од ОВР Струга привеле 30-годишно лице од Штип, кој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд во Штип за издржување затворска казна од шест месеци за сторени повеќе кривични дела „кражби“ и „тешки кражби“.

– Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Струмица за издржување на казната, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука