Избор Локална самоуправа Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Меѓународен ден на спортот, Охрид е спортски град

Охрид, 6. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Меѓународниот ден на спортот за развој и мир кој се одбележува денеска е еден потсетник за важноста на спортските активности во целокупното општествено живеење, за промоција на нашиот град и создавање на успешни млади генерации.

– Покрај здравиот животен стил, спортот ни обезбедува значајни вештини, лекции за дисциплина, етика и нескротлива упорност. Исто така, тој е моќен инструмент за изградба на самопочит и самодоверба, како движечка сила кон остварување на зацртаните цели. На моја голема радост, Општина Охрид е вистински пример за континуирана поддршка на спортот. Нашата посветеност, ангажираност и инвестиции во спортот обезбедуваат ресурси за развој на клубовите и одржување на врвни спортски настани, на кои сме посебно горди, порача градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков.

Тој додава дека преку различни мерки и иницијативи, општината го стимулира и напредокот на спортските таленти и дава поддршка онаму каде што е најпотребна.

– Токму затоа и оваа година преку програмата за спорт ќе инвестираме околу 54 милиони денари, кои сум убеден дека ќе вродат со плод и дека заедно ќе прославиме многу големи спортски достигнувања. Сакајте го спортот, спортувајте и бидете здрави. Охрид спортски град, потенцира Пецаков. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука