Охрид, 7. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Tимот na Trashpinger при OЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид доби грант од Фондот за иновации и технолошки развој на УНИЦЕФ за имплементирање и развој на својата апликација.
– Во периодот од 4-ти до 6-ти април 2024 година, тимот од Trashpinger во состав Ана Атанасовска, Ана Спироска, Климент Маријаноски, Дарко Крлески и Александар Спасеновски, ученици во III-3 клас, под менторство на проф. Ирена Ралева-Најдевска, успеаја да добијат грант во износ од 120.000 денари за имплементирање на својата апликација. Најпрво нашиот тим успеа да се пласира во десетте финалисти од Македонија и овие два дена учествуваше на вториот циклус на програмата UpShift каде што имаше можност да го доразвие своето решение за справување со штетите од загадениот воздух и добија финансиска и менторска поддршка за имплементирање на решението во кое се вложени многу труд, едукација за финансиска писменост и време. Честитки за постигнатиот успех, информираат од OЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива